Деми Мур сака бебе
- Детали
- петок, 04 септември 2009
Откако Ештон Качер со своите 25 години (кога ја започна врската со Деми Мур) се покажа како одличен татко за нејзините ќерки, Деми сфатила дека сака...
...да има дете со него и тоа го открила во интервју за списанието Marie Claire.
46-годишната глумица има три ќерки од бракот со Брус Вилис, а сега сака да го прошири семејството со 31-годишниот Качер со кој се омажи во 2005 година.
“Зошто да не? Се е можно. Имаме толку многу причини за живот, а една од нив е и заедничко дете. Голем ентузијаста сум во врска со можностите кои ни ги пружа животот. Јас сум непоправлив оптимист. Секогаш се фокусирам на она што ме прави среќна.“ - вели Деми.
Уверена е дека Ештон е подготвен за бебе.
“Тој е многу одговорна личност и уште од почетокот се снајде во улогата на татко. Беше многу позрел отколку останатите мажи на 25 години“ - вели Мур.