Познатите вежбаат јога голи
- Детали
- вторник, 01 септември 2009
Ако се верува на гласините, познатите глумци Николас Кејџ, Хали Бери и Гвинет Палтроу вежбаат јога сосема голи. Според некои информации, голата јога е нов...
...тренд помеѓу холивудките ѕвезди, а на овој начин на вежбање се приклучија и Џенифер Лопез, Рита Вилсон, Хали Бери и Наоми Вотс.
Голата јога, всушност е вообичаена јога, со класични техники кои се изведуваат без облека.
Наводно се отвараат се повеќе клубови за вежбање гола јога низ Америка, Канада, Велика Британија, Шпанија, Русија, Австралија итн.
Меѓутоа, хинду водичите кои јогата ја сметаат за своја техника сметаат дека ѕвездите треба јогата да ја доживуваат сериозно затоа што тоа е дел од хинду филозофијата.
Јогата е многу раширена ментална и физичка дисциплина чија цел е да ги соедини човековата душа и тело со единствената душа на свемирот.