ЈК: чевли од 2000 евра
- Детали
- вторник, 01 септември 2009
Пејачката Јелена Калеуша очигледно реши да ги демантира сите гласнини дека периодов е премногу финансиски слаба и дека подзаборавила...
...на својот изглед.
Иако веќе долго време не настапува, а ни бракот со нејзиниот сопруг Душко Тосиќ не оди баш во најдобар правец, не ја спречи Јелена Карлеуша да си дозволи живот на 'висока нога'.
Како што пишуваат медиумите, таа неодамна издвоила дури и 2.000 евра за најновиот модел на чевли од Louis Vuitton.
Се работи за лимитирана колекција на светски познатиот бренд за зима 2009 година, па така покрај Јелена, овие елегантни потпетици ги носат и Бијонсе и Викторија Бекам.
Јелена се одлучила за овие чевли веднаш штом ги видела во најновиот каталог, кој на неа и пристигнува на домашна адреса бидејќи таа е нивни ВИП клиент.
Покрај чевлите, таа купила и уште неколку парчиња од новата колекција на Louis Vuitton, но потпетиците високи 11cm со обетки од бисери дефинитивно се нејзин фаворит.