Колку ќе чини венчањето во црква на Јована и Жељко Јоксимовиќ?
- Детали
- четврток, 11 септември 2014
Јована и Жељко ги прават крајните подготовки за венчавањето во црква, кое ќе се одржи во недела на 14-ти септември.
Тој ден ќе се венчаат во црква и ќе го крстат 6-месечниот син Коста. Познатите сопружници на тој начин ќе ги разменат своите завети, 8 месеци откако на Малдиви го изговорија судбоносното „да!“
На големата прослава е планирано да присуствуваат 200 гости, а ќе се одржува во еден од најелитните белградски ресторани чиј двор тој ден ќе биде посебно декориран.
Според првичните информации, свадбеното мени таму се движи од 65 до 90 евра, а затоа што Јована и Жељко сакаат да им го понудат само најдоброто на гостите, го одбрале најскапото мени.
Само за во ресторанот младенците ќе исплатат 18.000 евра, а кога на трошоците ќе им се додадат венчаницата, оделото, декорацијата и музиката, цената стигнува нешто над 25.000 евра.
- Јована и Жељко се одлучија да го одберат најдоброто. Ако времето ги послужи, свадбата ќе биде во прекрасната градина. Младенците се одлучија за шведска маса, на која покрај ладните предјадења ќе се најдат и специјалитети од домашната кујна, сирења, јагнешко, прасе, мешано месо, морски плодови, а ќе се служат најскапите вина и жестоки пијалаци, открил близок пријател на парот.
Јована ќе носи венчаница креирана од Дарко Костиќ.