Најдлабоките шлицови на црвениот тепих (фото)
- Детали
- петок, 05 септември 2014
Имате добро обликувани нозе, а сакате да облечете долг, гламурозен фустан. Како да ги откриете и покрај тоа што ќе носите долг модел? Постои едно решение - длабок шлиц.
Токму по ова правило се водат и светски познатите модели, актерки, пејачки и ријалити ѕвезди. Тие обожаваат да ги покажуваат идеалните пропорции дури и во долги тоалети.
Алесандра Амбросио, Роузи Ханингтон Вајтли и Ирина Шајк се само дел од моделите кои ги практикуваат високите шлицови со доза на умереност, а сепак провокативен ефект.
Темнокожата Хали Бери исто така го обожава овој тренд и покрај тоа што е во петтата деценија од животот.
Џеј Ло исто така спаѓа во оваа група на жени, кои својот сексапил го истакнуваат во подоцните години, низ провокативни и откриени долги фустани.
Ова се најдлабоките и најсекси шлицови до сега: