Најубавите веренички прстени помеѓу славните (фото)
- Детали
- среда, 23 јули 2014
Кога парите и љубовта одат заедно, обично изгледаат неверојатно луксузно. Тоа најдобро го знаат славните дами кои на својата рака имаат неколку каратен дијамант.
Без оглед на тоа дали се работи за прв, втор или трет брак, љубов со познат и славен холивудски актер, музичар или режисер, кај славните убавици важи едно непишано правило - колку поголем дијамант, толку подолга љубов.
Коцкасти или овални, со дијаманти или кристали, бело злато или платина, сè е прифатливо додека има повеќецифрена вредност.
Мила Кунис, Ким Кардашијан, Бијонсе, Амал Аламудин и Џеј Ло се само дел од имињата кои се најдоа на оваа листа со најубави и највпечатливи дијаманти на раката.