Скромно: Новак и Јелена на меден месец во Полихроно, Грција
- Детали
- петок, 18 јули 2014
Баш како секој просечен човек од овој регион, Новак и Јелена Ѓоковиќ решиле по венчавката да одморат во Полихроно, каде најскапиот 10-дневен аранжман чини околу 600 евра за двајца.
Изворот кој ги откри овие информации за медениот месец на Новак и Јелена изјави:
„Јелена има спротивно размислување од сите џет сетери. Сака впечатоците да ги сумира на мирно место, како што е Грција. Без лажен гламур, фенси места и непотребен луксуз. Со оглед на тоа дека ова е мирно место, со само неколку ресторанчиња и без ноќен живот, мирната атмосфера и одговара на Јелена заради бременоста. Тие двајца се слични кога се работи за скромноста и ги ценат природните убавини и морето, така што немаат потреба од скапо џакузи и базен во рамки на хотелот.“
По посетата на Полихроно, Новак и Јелена ќе се упатат кон брегот на Италија.
Сепак, оваа година ќе ги избегнат луксузните и егзотични дестинации заради бременоста на Јелена.