Манекенка или Рамбо? (фото)
- Детали
- вторник, 15 јули 2014
Сериозниот израз на лицето кој го крие со војничката капа, позицијата во расчекор и тешката метална шипка за вежбање фатена со двете раце не опишуваат некој силен војник, туку манекенка од насловната на магазинот „FHM“ и британска кандидатка за Мис универзум во 2013 година.
Тоа е рамбо-девојката, Ејми Вилертон.
Луѓето најчесто одат на Ибица за лудо да се забавуваат и да уживаат во морето и плажите. Но, тоа не важи и за оваа девојка. Одморот на една од најатрактивните шпански дестинации Ејми го искористила за напорно вежбање.
Со помош на реномираниот тренер Ричард Парсел се обидува да ја доведе својата фигура до совршенство.
Облечена како да оди на двобој со Рамбо, а истовремено и доволно секси за да ги привлече сите погледи во околината, оваа манекенка не е воопшто нежна принцеза, туку силна и цврста девојка.