5 згодни фудбалери - татковци за пример
- Детали
- сабота, 28 јуни 2014
Сите девојки ќе признаат дека нема ништо попривлечно и посекси од згоден маж, особено спортист, разнежнет во прегратка со своето дете. Колку и да изгледаат храбри, силни и професионални, покрај своите деца се целосно стопени.
Дури и за време на најважното натпреварување, Светското првенство во фудбал, никако не забораваат да им посветат време на своите најмили и на терените и надвор од нив.
Од многуте фудбалери, издвојуваме петмина како најпопуларни татковци за пример кои секоја жена би ги посакала покрај себе.
1. Дејан Ловрен, Хрватска
Познат како хрватскиот Дејвид Бекам овој фудбалер од пред две години со сопругата Анита ја имаат ќерката Елена. Тој е горд татко кој се разнежнува веднаш штом ја погледне својата мала миленичка. Често објавува и на неговите профили кога купува подароци или облека за неа. Тотално е луд по малата Елена.
2. Жерард Пике, Шпанија
Го освои срцето на 10 години постарата колумбиска пејачка Шакира која во него не видела само згоден фудбалер кој е симпатичен и интелигентен, туку е и совршен татко. Пике ужива да го поминува времето со едногодишниот син Милан, кој веќе научил и да ја шутира топката како неговиот татко.
3. Икер Касиљас, Шпанија
Тој е еден од најдобрите голмани во светот иако не се покажа доволно на овој Мундијал. Заедно со преубавата новинарка Сара Карбонеро, го имаат синчето Мартин кое секојдневно го исполнува Икер со позитивна енергија. Тој вели дека нема ништо поубаво во животот од тоа да се има дете.
4. Вејн Руни, Англија
Англискиот репрезентативец од Манчестер Јунајтед веќе е искусен и докажан татко на двете синчиња Каи и Клеј, кои ги има со сопругата Колин. Често објавува фотографии на неговите профили за тоа како си го поминуваат времето заедно. Тие секогаш кога можат се на трибините за да го бодрат својот татко. Руни е горд на нив и секогаш заедно ги прославуваат големите победи.
5. Робин ван Перси, Холандија
Еден од најдобрите холандски стрелци на Мундијалот, Робин ван Перси ги има синот Шакил ван Перси и ќерката Дина Лајла ван Перси. Пред неколку дена на еден од тренинзите е забележан како заедно со Дина вежба и се подготвува за претстојните натпревари. Овој 30-годишен фудбалер е еден од најшармантните и најзгодните татковци кој ужива со своето семејство.