Никол Кидман со двојно поголеми гради: Која е тајната на нејзиното деколте?
- Детали
- среда, 18 јуни 2014
Никол Кидман пред неколку вечери се појави во фустан со провокативно деколте, кое ги откри бујните гради кои не се својствени за неа. Токму тоа ги започна гласините дека Никол отишла под нож.
Нејзините нови облини за прв пат беа забележани во Прада фустанот со длабоко деколте кој го прошета во петокот во Мелбурн.
Новите гради беа вистинско изненадување, со оглед на тоа што Никол тврди дека е потполно природна.
Многумина коментираа дека за ова деколте може да му се заблагодари на доброто полнење на горниот дел од фустанот кој ги придржува градите.
Но, само неколку дена подоцна во Шангај, овие гласини ги поби самата Никол кога облече затворен, црн фустан кој откри повеќе од потребното.
Дали Никол е нова жртва на пластичната хирургија, проценете сами: