Ана Николиќ направи скандал
- Детали
- сабота, 01 август 2009
Пејачката Ана Николиќ минатата среда на популарниот белградски сплав "Ambis", на својот нов дечко му приготви љубоморна сцена, која...
... за малку што не заврши со тепачка, пишуваат медиумите.
Таа едноставно збеснала кога го видела своето момче како разговара со друга девојка. Прво почнала да ја прска со шампањ, а потоа фрлила чаша на противничката.
"Сакала јас или не, секогаш се случува да сум во центарот на вниманието каде и да се појавам, па затоа моето име се врзува и со инцидентот на "Ambis".
Се тоа што се случуваше на соседното сепаре - веќе знаете, па немам потреба да ги коментирам информациите кои ги добивте. Сепак, ја разбирам вашата потреба да пишувате за се' и да додадавате своие разни елементи за јавноста да чита", изјавила љубоморната пејачка Ана Николиќ.