Пред концертот на „Х-фактор“ погледнете го спотот за дуетот на „Доктори“ и Кристина Ковач
- Детали
- петок, 30 мај 2014
До големиот концерт на „Х-Фактор“ финалистите остануваат уште 8 дена. Финалистите на големо се подготвуваат за своите настапи, а освен што е планирано да настапат со своите изведби од емисиите во живо дел од нив ќе ги презентираат и своите нови песни и преработки.
Она што е извесно е дека „Доктори“ ќе ја изведат „Умиру јелени“, изведба која ја направија во дует со нивната менторка Кристина Ковач.
За овој дует снимија и видеоспот кој може премиерно да го погледнете:
Како ќе звучат „Доктори“ и останатите финалисти во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе видите на 7. јуни. Влезници сè уште има за партер по цена од 350 денари и 400 за трибини.
Регионалното издание на „Икс Фактор“ се одржа со исклучителен успех и привлекувајќи огромно внимание од македонската публика, особено со победата на македонскиот претставник Даниел Кајмакоски.
Овој концерт ќе биде одлична прилика заедно да покажеме дека успешната кариера на нашиот победник ќе започне токму од Скопје и со безрезервната поддршка од македонската публика.
Покрај Даниел Кајмакоски и „Доктори“, изведувачите кои ќе ги видиме на големиот концерт во Скопје се артистите кои се пласираа во 12-те финалисти на „Х-Фактор Адриа“ како Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ,Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото„H2O“;сочинето одФифи и Маринела, како и бендот„4U“.