И во Русија постои брадеста жена (фото)
- Детали
- петок, 16 мај 2014
Никако да слегне прашината која се крена околу овогодинешниот Евровизиски победник. Кончита Вурст доби најмногу негативни реакции од Русија.
И додека повеќето земји од стариот континент се обидуваат да ја почитуваат различноста и да најдат простор за толеранција, руската јавност најавува основање на пандан на овој натпревар – мажи кои на друштвените мрежи објавуваат фотографии на кои ја бричат својата брада.
Чудно е што на сцената на Русија веќе години наназад постои „брадеста жена“.
Павел Петел е украинец кој веќе долги години живее во Русија, а познат е по настапите на кои најчесто е гол како и појавување во женска облека и високи штикли.
Погледнете ги фотките од Павел: