Ѕвезди за кои не сте знаеле дека се бисексуалци
- Детали
- вторник, 13 мај 2014
Можеби не сте знаеле дека некои од вашите омилени ѕвезди не пребираат многу кога се работи за љубов, туку им е сеедно каков пол е партнерот додека го добиваат тоа што им е потребно..
Иако за некои ви се чини дека се вљубени само во својот партнер или партнерка, тие не кријат дека уживаат во љубовта и со двата пола.
Ферги
Во мај 2009 година, Ферги признала дека е бисексуалка во интервјуто за магазинот „Sun“.
Амбер Херд
Сега е вереница на Џони Дип, но уште во 2010 година, признала дека е бисексуалка, кога во тоа време се забавувала со фотографката Тасија ван Ри.
Лу Рид
Поранешниот член на „Velvet Underground“ рокерот Лу Рид повеќе пати изјавувал дека се смета себеси за бисексуалец.
Снуки
Ѕвездата на MTV, Снуки, признала дека била во долга врска со една девојка, сега е во врска со маж.
Дреа ди Матео
Глумицата од „Очајни домаќинки“ и „Џои“ присуствувала на Парадата на гордоста во Нешвил во 2010 година кога и јавно признала дека ги сака и мажите и жените.
Џилијан Андерсон
Во март 2012 година Џилијан во едно интервју раскажала за својата врска со девојка за време на средношколските денови.
Дру Баримор
Таа не само што не го крие тоа, туку и во неколку наврати зборувала за нејзините врски со некои девојки.
Били Џо Армстронг
Уште од далечната 1995 година, пејачот на Green Day се изјаснил како бисексуалец, па денес тоа веќе не ниту чудно, ниту интересно.