Марко Јариќ: Може и да се смириме со Адријана
- Детали
- понеделник, 12 мај 2014
За време на гостувањето во најновата емисија кај Иван Ивановиќ, кошаркарот Марко Јариќ по прв пат отворено зборување за својата врска и разводот со бразилскиот супермодел Адријана Лима.
Јариќ ја потврди веста дека се разделуваат, затоа што нивните односи се лоши, а негативната енергија не сакаат да ја пренесуваат на своите ќерки.
Од друга страна, исто така откри дека не се работи за конечна одлука, туку за кратка пауза:
„Уште не знаеме што ќе биде. И двајцата сакаме да поработиме на себе, да видиме до каде сме. Нема никаков скандал. Одлучивме секој ден и двајцата да поминуваме време со децата, не мораме заедно, може и одвоено или како и да е.“
Во разговорот со водителот, Марко откри дека Адријана била љубоморна на секое негово патување во Белград.
„Адријана, како и секоја останата жена, секогаш беше малку љубоморна. Кога сум тука сигурен бев дека гледа што се случува и што медиумите објавуваат за мене. Ако некој дознае нешто лошо за мене и ако го објави - секоја чест, но да измислуваат некои информации, тоа е навистина непријатно. Тогаш колку и да ти верува некој, мораш да објасниш,“ искрено признал во разговорот.