Одмор или развод?
- Детали
- петок, 24 јули 2009
Откако Анџелина го напушти домот на Бред, таа со синот Медокс е примена на аеродромот во Лос Анџелес на лет во непознат правец. Облечена во црно...
...актерката за рака го водеше својот син, а како што се шпекулира - заминале на излет надвор од градот.
Приказните кои кружат по медиумите велат дека Анџелина заминала на излет во исто време кога Бред купил куќа за одмор, т.н. куќа за самци во Биг Сур во Калифорнија, која ќе му служи за тогаш кога тој ќе сака да биде сам и да избега од сите.
Како што наведуваат блиски извори, Бред отсекогаш сакал да пронајде место за одмор на тоа место, уште кога тој бил во врска со Џенифер Анистон.
"Сега е право време за купување и тоа не само од економски аспект. Притисокот кој му го врши Анџелина е само дополнителна причина. Таа секако не го сака Биг Сур, за неа тоа е премногу мирно и премногу тивко место. Истовремено е премало за неа и нивните деца", изјавил близок извор до парот.
Дали се работи за развод на најубавиот холивудски пар или е само коинциденција и станува збор за одмор и 'полнење на батерии', останува да видиме.