Моден погодок или промашување: Џеј Ло стегната во жолт кожен фустан (фото)
- Детали
- четврток, 17 април 2014
Со секое појавување го привлекува вниманието, особено со своите модни изданија во кои се појавува како дел од жирито на „Американскиот Идол“. Претходното впечатливо издание ѝ беше во силно црвениот фустан во кој не можеше некој, а да не ја забележи.
Овојпат се појави во кожен жолт фустан до над колена, од предната страна затворен до вратот.
Од задната страна, пак, со гол грб и припиен по линијата на задникот, го истакнува нејзиниот најголем адут и со секој чекор ги привлекува сите погледи.
Секогаш секси и на своите 44 години Џеј Ло докажува зошто сите ѝ се воодушевуваат.
На некој можеби ќе му се допадне, а некому не, погледнете ја и одлучете, моден погодок или промашување?