Преслатко 11-месечно девојче му предложи брак на принцот Џорџ
- Детали
- среда, 16 април 2014
Малиот принц Џорџ веќе ги освојува женските срца. За време на кралската турнеја во Нов Зеланд 11-месечната Ruby Cate Blitz се покажа како најголема обожавателка на принцот Џорџ и прва кандидатка за мала принцеза. Облечена во бела блузичка со црвени букви и порака „Marry me George“.
Среќното и насмеано девојче, во рацете на нејзиниот татко го привлече вниманието на принцот Вилијам, кој дури се приближи и да се поздрави со неа и нејзините родители. Изјавил дека е неодолива и прекрасна. Неговите симпатии веќе се освоени.
Останува следен пат да бидат малку поголеми, па да се запознаат, а којзнае може и навистина да се заљубат еден во друг, па ова да биде слатко сеќавање на првата средба.