Танц со ѕвездите 2: Димитар и Јована го изиграа последниот танц
- Детали
- понеделник, 17 март 2014
Водителот Димитар Атанасовски и неговата професионална танцова партнерка Јована Василева со танго го напуштија најпопуларното домашно телевизиско шоу „Танц со ѕвездите 2“.
Имено, Димитар и Јована во последната елиминациона емисија на „Танц со ѕвездите 2“ играа танго, но не успеаја да соберат доволно поени за да се пласираат во финалето. Тие се осмата танцова двојка која си оди дома.
Во големото финале на 24. март за победа ќе се борат:
Сара Мејс и Мишо Спасовски
Наташа Илиевска и Даниел Кимовски
Големото финале на втората сезона на „Танц со ѕвездите“ е закажано за понеделник (24. март) во најголемото студио на Македонската Радио Телевизија. Сара Мејс и Наташа Илиевска ќе ги измерат силите и вештините за танцување во живо од Студио 1.
Продукцијата за големото финале најавува многу забава и атрактивни гости од регионот кои ќе бидат соопштени во текот на неделата.
Погледнете го последното танго на Димитар и Јована: