Франц и Наде со танго го напуштија шоуто „Танц со ѕвездите 2“
- Детали
- понеделник, 10 март 2014
Музичарот Владимир Крстевски – Франц и неговата професионална танцова партнерка Наде Миленкова со танго го напуштија најгледаното домашно шоу „Танц со ѕвездите 2“.
Имено, Франц и Наде во седмата елиминациона емисија на „Танц со ѕвездите 2“ играа танго, а со тоа го заокружија своето натпреварување во најпопуларното домашно шоу. Тие се седмата танцова двојка која си оди дома.
Во игра остануваат уште три танцови двојки кои ќе се борат за влез во големото финале на најгледаното македонско шоу „Танц со ѕвездите 2“. Меѓу нив се: Сара Мејс и Мишо Спасовски, Наташа Илиевска и Даниел Кимовски и Димитар Атанасовски и Јована Василева.
Погледнете како танцуваа Владимир Крстевски - Франц и Наде Миленкова досега: