Секси Нина Бадриќ
- Детали
- петок, 10 јули 2009
Пеачката Нина Бадриќ е нешто како виното - колку е постара, толку подобро изгледа. Летото го поминува во Дубровник со својот драг Бернард...
... каде ужива во сонцето и на море, а со своето секси тело гордно се шеташе по плажите.
На модната недела во Дубровник се најдоа многу познати лица. Меѓу нив се најде и Нина која тој настан го искористи и за мал одмор. Таа освем во море се ладеше и под туш.
И додека нејзиниот драг Бернард завршуваше некои работи во центарот на градот, Нина своето време го помина уживајќи на плажа, барајќи го најдоброто место за сончање. Откако удобно се смести, го зема магазинот во раце и "фаќаше" боја.
Иако неодамна наврши 37 години, мора да признаеме дека таа сеуште изгледа одлично во костимот за капење.