Маријана Димовска и Боби Трајковски први го напуштија „Танц со ѕвездите 2“
- Детали
- понеделник, 27 јануари 2014
Со вкупно 13 поени, минатиот викенд презентерката на вести Маријана Димовска и Боби Трајковски први го напуштија натпреварувањето во „Танц со ѕвездите 2“.
Во емисијата каде почнаа првите елиминации, според поените на врвот се најдоа каратистката Наташа Илиевска и Даниел Кимовски. Веднаш зад нив, со 30 поени се наоѓаат Димитар Атанасовски и Јована Василева, но и Франц и Наде, кои исто така имаат 30 поени.
Со најмалку освоени поени, Маријана Димовска и Боби Трајковски во саботата (25.01.2014) први си заминаа од македонската верзија на најпознатото шоу во светот „Танц со ѕвездите“, кое кај нас е во целосна организација на продукцијата „Дрим фактори“ и МРТ.
Откако водителите Марјана Станојковска и Тони Михајловски ги соопштија резултатите, Маријана Димовска изјави дека ѝ е жал што го напушта шоуто, ноќе продолжи да ги следи пробите и снимањата на останатите, а со Боби ќе продолжи да се гледа професионално, бидејќи сака да продолжи со танцот.
Воедно ве потсетуваме дека гласањето за новата емисија е отворено и ќе трае сè до нејзиното снимање.
Во продолжение погледнете го последниот танц на Маријана и Боби во „Танц со ѕвездите 2“ на МРТ1: