Бандерас избегнува секс
- Детали
- понеделник, 29 јуни 2009
Миленикот помеѓу женската популација, дури и по долгогодишниот брак со Мелани Грифит, познат како најголем заводник, открива дека не сака да снима...
... сексуални сцени. Не само што не ги сака туку и упорно ги избегнува улогите во кои треба интимно да се поврзе со некоја колешка.
“Секогаш ми е непријатно кога морам да снимам лежејќи со некоја жена во кревет, тешко е кога околу вас има педесетина луѓе и едноставно јас сум премногу чувствителен за такво нешто“ - открива Бандерас за The New York Post.
На негова среќа во последните години успешно ги избегнува секс сцените со оглед на тоа што успешно заработува од филмовите Шрек каде го позајмува својот глас на Мачорот во чизми.