Свадба во февруари: Ноле и Јелена на Свети Стефан пред матичар
- Детали
- среда, 20 ноември 2013
Новак Ѓоковиќ и неговата Јелена Ристиќ ќе се венчаат во Црна Гора, на Свети Стефан.
Венчавката најверојатно ќе биде одржана кон крајот на јануари или почетокот на февруари, кога Новак ќе одмори од сите обврски.
Свадбената прослава ќе биде прилично луксузна, одржана во хотелот на Свети Стефан.
Според некои информации, парот најверојатно ќе биде венчан од црногорски митрополит.
Она што е сигурно е дека Новак и Јелена својата врска ќе ја официјализираат до крајот на оваа година, затоа што Новак има тениски обврски во Чиле.
Вереницата на Новак пристигна во Србија за да ги проследи мечевите на Дејвис куп. Воедно, домашната јавност имаше шанса да го види фамозниот прстен кој Новак и го подари кон крајот на септември.
Новак неодамна раскажа колку бил нервозен заради веридбата, и покрај тоа што се во долга врска од неколку години.
„Цел живот играм пред многу луѓе и тоа возбудува и го крева адреналинот, но кога ја запросив Јелена... Ништо слично не сум доживеал во животот! Навистина сме благословени што во скоро време ќе се венчаме“, изјавил Новак.