Најпривлечните богати наследници
- Детали
- вторник, 12 ноември 2013
Животот е многу полесен ако вашите родители поседуваат милиони, но е уште полесен ако покрај тие пари вие изгледате убаво.
Таа среќа ја имаат овие деца на познати бизнисмени и модни могули. Многумина од нив се занимаваат со семејниот бизнис, а некои одлучиле да започнат сопствен бизнис.
Аманда Херст, правнука на медиумскиот могул Вилијам Рендолф Херст
Оваа дваесет и девет годишна девојка е наследничка на „Херст Корпорацијата“, медиумска куќа вредна неколку милијарди долари. Дипломирала историја на уметност. Нејзиниот прадедо бил основач на модерното таблоидно новинарство, но Аманда не сака да се занимава со тоа.
Ваниша Митал, ќерка на индискиот индустриалец, Лакшмиј Митал
Лакшмиј Митал се наоѓа на 41 место на „Форбсовата“ листа и е втор најбогат човек во Индија, со богатство кое се проценува на 16 милијарди и 500 милиони долари.
Ваниша (33) дипломирала на "Europian Business School" и завршила магистерски студии на Лондонскиот Универзитет. Многу е посветена на добротворната работа и го надгледувала проектот за унапредување на животот на сиромашните во Индија. Нејзината венчавка со банкарот Амит Батија, нејзиниот татко го чинела 60 милиони долари.
Иванка, Доналд Јуниор и Ерик Трамп, децата на Доналд Трамп
Доналд Трамп, 134 најбогат американец, поседува богатство во вредност од 3 милијарди и 500 милиони долари.
Иванка (31) е бивш модел и моментално работи за "The Trump Organization". Ја поседува и модната компанија "Ivanka Trump Lifestyle Collection" во која спаѓаат парфеми, обувки, торби, облека и очила, а мажена е за Џеред Кушнер, сопственикот на списанието "The New York Observer".
Доналд Јуниор (35) е извршен потпретседател на „Трамп органзиацијата“. Дипломирал на Универзитетот во Пенсилванија и е амбасадор на невладината организација "Operation Smile". Оженет е со моделот Ванеса Хајден.
Ерик Трамп (29) исто така работи во семејна компанија. Основач е и претседател на добротворната организација "The Eric Trump Foundation" која им помага на децата кои се борат со смртоносни заболувања.
Дилан и Ендрју Лорен, децата на модниот могул, Ралф Лорен
Ралф Лорен се наоѓа на 166 место на „Форбсовата“ листа на милијардери со богатство проценето на 7 милијарди и 700 милиони долари. Ендрју (44) дипломирал на Универзитетот Браун и станал филмски продуцент, откако се обиде да стане актер во Холивуд.
Дилан (39) дипломирала на Универзитетот Дјук и работела како организатор на настани пред да ја основа својата фабрика за чоколади.
Марта ортега-Перез, ќерка на сопственикот на „Зара“, Амансио Ортега
Амансио Ортега се наоѓа на третото место на „Форбсовата“ листа на милијардери и неговото богатство се проценува на 57 милијарди долари.
Марта (30) е ќерка на основачот и претседател на модната компанија „Индитекс“ која е сопственик на разни брендови меѓу кои спаѓа и „Зара“. Се зборува дека е воспитувана така што еден ден да биде подготвена да го преземе водството над компанијата. Но, Марта почна од самото дно, средувајќи ги рафтовите и продавајќи им облека на муштериите. Таа е страстен јавач, а омажена е за шпанскиот јавач, Сергеј Алварез Моја.
Петра и Тамата Еклстон, ќерките на генералниот директор на „Формула 1“
Бернард Еклстон се наоѓа на 353 место на „Форбсовата“ листа и неговото богатство се проценува на три милијарди и 800 милиони долари.
Тамара (29) таблоидите ја следат во текот на целиот живот. Беше модел и позната е и по својата колекција на торби која вреди милион долари и по ТВ шоуто „Billion $$$ Girl“. Минатата година се омажи за Деј Рутленд, а самата венчавка чинела 17 милиони долари. Сега го очекуваат нивното прво дете.
Петра (24) исто така се обиде во светот на манекенството и креирањето на облека за мажи. Се омажи во 2011 година за Џејмс Стант и оваа година парот го доби своето прво дете.
Сестрите заедно поседуваат недвижнини во вредност од 50 милиони долари.
Карлос Слим Домит, син на мексиканскиот милијардер Карлос Слим
Карлос Слим е најбогатиот човек на светот, со богатство кое се проценува на 73 милијарди долари.
Неговиот син (38), кој го носи неговото име, е претседател на одборот "Grupo Carso" од 1998 година. Карлос е познат по својата њубов кон тркачките автомобили, а оженет е со Марија Елена Торуко.
Аријана Рокфелер, чукунвнука на основачот на компанијата „Стандард Оил“, Џон Д. Рокфелер
Нејзиниот дедо, Дејвид Рокфелер, се наоѓа на „Форбсовата“ листа на милијардери на 572 место, со богатство од 2 милијарди и 800 милиони долари. Аријана (31) дипломирала на Универзитетот Колумбија и основала свој сопствен моден бренд во 2011 година.
Претходно живеела во Бразил каде волонтирала во едно основно училиште кое го основала една непрофитабилна организација. По седум години забавување во 2010 година се омажила за Метју Баклин.