10 ѕвезди кои се родени богати
- Детали
- среда, 25 септември 2013
Постојат холивудски ѕвезди кои би биле милионери и доколку не би имале славна кариера. Некои луѓе се навистина родени под среќна ѕвезда.
Тие маат успешни актерски, музички и телевизиски кариери, но дали би дознале за нив ако немале богато детство?
За некои од нив сигурно би слушнале, бидејќи талентот не може да им се оспори.
Џенифер Анистон
Познатата американска глумица е родена во актерска фамилија. Нејзиниот татко е Џон Анистон, а нејзина мајка е Ненси Дау, додека нејзин кум е познатиот глумец од постарата генерација, Тели Савалас. Пораснала во Лос Анџелес, но подоцна со родителите се преселила во Њујорк, каде што завршила во многу угледно училиште за музика и уметност.
Гвинет Палтроу
Оваа американска глумица е ќерка на познатата глумица Блите Дејнер и режисерот/продуцент Брус Палтров. Нејзина роднина е поранешната политичарка Габриел Гифордс. Гвинет е порасната во Санта Моника, па се преселила во Њујорк, каде што одела во приватно женско училиште.
Анџелина Џоли
Убавата глумица е ќерка на познатиот глумец Џон Војт и глумицата Марчелин Бертранд. Анџелина посетувала средно училиште во Беверли Хилс, но бидејќи родителите и биле разведени секогаш се чувствувала како `црна овца`, бидејќи мајка ѝ немала големи приходи.
Андерсон Купер
Познатиот американски водител е син на познатата дизајнерка Глори Вандербилт, сопственичка на угледната њујоршка куќа со исто име. Негов прадедо бил милионерот Корнелиус Вандербилт, кој ја направил неговата мајка, богата наследничка.
Лана Дел Реј
Американската пејачка е ќерка на бизнисменот Реј Грант и директорката на една ценета компанија Пет Грант. Лана пораснала во Њујорк, но родителите заради проблемите со алкохолот ја пратиле во училиште во Охајо.
Кид Рок
Американскиот музичар не пораснал како најбогатите на оваа листа, но имал безгрижно и обезбедено детство. Татко му се занимавал со продажба на автомобили и имале голем имот со овоштарници и коњи, па се сметале за богати.
Лејди Гага
Една од најпознатите ѕвезди на планетата израснала на `висока нога`. Нејзиниот татко Џозеф Германота има голема и успешна фирма која се занимава со вградување wi-fi уреди во хотелите. Пејачката израснала во богат дел на Њујорк, додека нејзините родители израснале во скромни семејства.
Рашида Џонс
Американската глумица пораснала во еден елитен дел на Лос Анџелес. Нејзините родители се музичкиот продуцент Куинси Џонс и манекенката Пеги Липтон. Рашида пораснала во Бел Аир, каде што одела во исто училиште со Парис Хилтон и Ким Кардашијан.
Адам Левин
Пејачот на групата Марун 5 е син на Фред Левин, основачот на марката за облека M. Fredric. Пораснал во Лос Анџелес, одел во приватно училиште во кое ги запознал двајца од членовите на неговиот бенд. Посетувал уметнички курс, во близина на едно приватно езеро во Њујорк.
Џулија Луис-Дрејфус
Американската глумица е ќерка на милијардерот Џерард Луис-Дрејфус. Нејзиниот прадедо основал компанија, која и понатаму ја држи нејзиниот татко и останатите членови на нивната фамилија.