5 познати жени кои стареат грациозно
- Детали
- среда, 04 септември 2013
За повеќето жени стареењето е најголемиот проблем, за разлика од славните дами на кои годините им се во голема служба на убавината. И вие не би имале ништо против да изгледате вака кон крајот на 40тите години...
Хали Бери - Во својата 46 година има совршена линија и изглед кој вели дека го одржува со вежбање 4 пати неделно. Нејзините тренинзи се состојат од вежби кои ги активираат сите мускули во телото, а затоа што е дијабетичар се храни со свежа храна и многу протеини дури 5 пати во денот.
Синди Крафорд - Врвниот супермодел неодамна на својот Твитер профил објави дека одлучила да стана помалку шминка, затоа што голем број на препарати влијаеле негативно на нејзината кожа и годините. Покрај тоа, започна со продажба на сопствена линија производи против стареење.
Деми Мур - Сјајна, здрава и долга коса и младоликиот изглед се заштитен знак на Деми Мур која има цели 49 години. Актерката која изгледа потполно идентично како и пред неколку децении признава дека за тоа и помагаат здравите диети.
Ким Катрал - Во секоја прилика нагласува дека ги избегнува пластичните операции затоа што не сака да изгледа несоодветно за својата возраст. Признава и дека во 56та година е многу тешко да ја одржи линијата во најдобар ред, но благодарение на секојдневните вежби и големите количини вода и понатаму изгледа како сексапилната Саманта од Сексот и градот.
Сандра Булок - Во својата 48 година сите би посакале да изгледаат приближно како неа. Сандра редовно користи креми против стареење, а линијата ја одржува со помош на приватен тренер. 6 дена во неделата практикува пилатес, јога и танцување во комбинација со умерена исхрана.