Славните парови некогаш и сега
- Детали
- среда, 07 август 2013
Времето е во корист на нивната љубов... Од Рита Вилсон и Том Хенкс, до Викторија и Дејвид Бекам. Погледнете кои се холивудските парови кои ги надминуваат сите краткотрајни и бурни љубовни афери.
Рита Вилсон и Том Хенкс
Рита својот иден сопруг го запозна во неговата емисија “Bosom Buddies”, а во врска се од 1985 година. Се венчаа само 3 години подоцна и имаат два сина.
Џада Пинкет Смит и Вил Смит
Џада го запозна Вил во 1990 година, на аудицијата за девојка на прочуениот “Принц од Беверли Хилс”. Иако не ја доби улогата, тие започнале константна дружба, а нивната љубов се круниса во 1997, со претходна врска од 2 години. Набрзо по венчавката станаа и родители на Џејден и Вилоу.
Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик
Сара и Метју се запознаа во 1991 година, а се венчаа во 1997 во Њујорк. Сара и Метју имаат 4 дечиња и до ден денес се еден од најнеозборуваните парови во Холивуд.
Викторија и Дејвид Бекам
Се запознаа уште во далечната 1997 година, на добротворен фудбалски меч и нешто потоа започнаа врска. Следната година се верија, а се венчаа на 4 јули 1999 година во Ирска. Доказ дека успешниот брак и кариера може да функционираат заедно.
Бијонсе и Џеј Зи
Музичарите се споија по објавување на синглот “Bonnie & Clyde” во 2002 година. Тајно се венчаа во Њујорк, на 4 април 2008 година, а минатата година во јануари ја добија првата ќерка, Блу Ајви.
Гвен Стефани и Гевин Росдејл
Пејачите се запознаа во 1995 година, по што набргу започнаа врска. Следуваше венчавка во 2002 година во Лондон, а втората церемонија беше одржана 2 недели подоцна во Лос Анџелес.
Иман и Дејвид Боуви
По два неуспешни брака, супермоделот Иман се омажи за успешниот Дејвид Боуви во 1992 година. Осум години подоцна го проширија семејството и добија ќерка Александра.
Мелани Грифит и Антонио Бандерас
Мелани и Антонио својата врска ја започнаа во 1995 година, а со оглед на тоа дека и двајцата беа во брак тогаш, се венчаа по разводите во 1996 година. Истата година, во септември добија ќеркичка Стела.