Кои се 10те најбогати млади ѕвезди?
- Детали
- петок, 26 јули 2013
Холивуд е преполн од млади ѕвезди кои со текот на времето ја развиваат својата слава до светски размери. И затоа што во шоу бизнисот важно е да се започне од рани години, не е ни чудо што овие неколку ѕвезди многу рано постигнаа бесконечно богатство.
На првото место се наоѓа Леди Гага, која и покрај тоа што паузираше со својата кариера заради операција и откажа светска турнеја, минатата година успеа да заработи цели 80 милиони долари.
Следен на листата се најде најголемиот тинејџерски идол на денешницата, Џастин Бибер, чија заработка се проценува на околу 58 милиони долари.
На третото место се наоѓа поп-кантри пејачката Тејлор Свифт која со своите тинејџерски нумери успеа да заработи 55 милиони долари.
Калвин Харис е доста популарен ДЈ и продуцент, а оваа година го запали светот со два огромни хита и во рок од една година имал преку 150 настапи. Не е ни чудо што може да се пофали со цели 46 милиони долари.
На петтото место се најде Ријана, која веќе неколку години е многу популарна како со музиката, така и со шокантниот начин на живот.
Зад Ријана се најде Кети Пери чија кариера моментално стагнира, за разлика од нејзиниот љубовен живот. Оваа година таа успеа да заработи 39 милиони долари.
Оскаровката Џенифер Лоренc оваа година освен Оскарот за главна улога, доби и седмо место во најплатената листа на млади ѕвезди. Оваа година заработи над 26 милиони долари.
Моментално најпопуларната британска пејачка Адел оваа година заработи 25 милиони долари, и покрај тоа што целосно му се посвети на својот син.
На самото дно на оваа листа се најдоа главните актери во Твајлајт сагата, која како епидемија се ширеше низ целиот свет. Кристен Стјуарт и Тејлор Лаутнер оваа година заработија по 22 милиони долари.