Силното шутирање на Роналдо му скрши рака на 11 годишно момче
- Детали
- среда, 24 јули 2013
Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо прилично се забавувал на егзибициониот меч против англискиот второлигаш Борнмаут, но во натпреварот во кој постигна два гола, погоди и еден млад навивач кој се здоби со свршеници на две места.
Чарли Силвервуд, 11 годишно момче кое навива за Борнмаут, бил зад голот на својот тим, како и секогаш.
Но, во еден момент шутот на Роналдо добил малку поинаков правец од замислениот, па топката завршила во раката на малиот Чарли. Тој се здобил со скршеници на зглобот на раката, на две места.
Тој не побарал помош веднаш, бидејќи сакал да остане до крајот на мечот. Откако излегол од болница, по операцијата, од неговиот омилен клуб Борнмаут му подариле дрес со потписите на сите играчи.