Дејвид и Харпер Бекам уживаат во прошетка низ Лондон
- Детали
- среда, 24 април 2013
И додека момчињата на семејството Бекам уживаа во фудбалот со Ибрахимович, малата Харпер ужива во прошетката со својот татко Дејвид. Во нежна прегратка, одлично облечени и двајцата решиле да го разгледаат Лондон.
Бекам конечно се врати на своите должности како татко, по напорниот период, па затоа веднаш беше уловен како ужива со најмладиот член на своето семејство.
Малата Харпер и нејзините браќа изминативе денови речиси не се одвоија од својата мајка, а по враќањето до Париз, Дејвид одлучил малку да ја замени.
Дејвид воопшто не крие дека му недостасува неговото семејство откако го потпиша договорот со Paris Saint-Germainom.
“Кога зборуваме за одрекување, ова е дефинитивно жртва која морав да ја направам како татко и сопруг кој е одвоен од своето семејство”, неодамна изјави Бекам.
Во секој случај, во миговите кога Дејвид и Харпер уживаат еден со друг делуваат навистина слатко.