Северина пристигна во Скопје!
- Детали
- петок, 12 април 2013
Вчера околу 22.30 на аеродромот „Александар Велики“, слета авионот со кој Северина и нејзините најблиски соработници пристигнаа во Скопје.
Таму беа пречекани од тимот на Т.А. „Гуливер Милс“,организатор на утрешниот концерт, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, во рамките на турнејата „Добредојде во клубот“.
Денеска пристигнуваат и танчерите, заедно со познатиот светски кореограф Анже Шкрубе, а со нивното доаѓање екипата ќе се комплетира целосно.
Тимот на хрватската пејачка почна да пристигнува од средата, кога во Скопје со четири камиони беше донесена целата техничка опрема околу концертот.
Од Т.А. „Гуливер“ не информираат дека во тек се финалните подготовки, а продажбата на билети оди подобро и од предвиденото.
Пред концертот предвидени се неколку проби, а слободното време, тимот на пејачката побарал да се искористи за обиколка на Скопје и традиционална македонска вечера, бидејќи Севе е љубител на македонската скара и пиво.
Македонската публика е подготвена за спектакл. Ситно броиме до бајката во четири чина со поп иконата Северина.