Се снима мјузиклот за Мајкл Џексон
- Детали
- четврток, 28 февруари 2013
Кралот на попот повторно ќе се појави на сцена, но овој пат тоа ќе биде изглумено од страна на млад актер. Рејмонд Лук Џуниор го игра Мајкл Џексон на млади години, кога беше дел од групата Џексон Фајв заедно со уште неговите четворица браќа.
Младиот актер признал дека не знаел кој е Мајкл Џексон бидејќи е премлад, но напорно учел изминативе години за текот на животот на оваа поп ѕвезда со цел соодветно да го долови неговиот лик и дело.
„Сакав да бидам пејач, но не знаев дека овој мјузикл ќе ми биде шанса за да го остварам својот сон. Сега ќе пеам 6 или 8 песни од Мајкл Џексон во филмот посветен за него. Тоа е огромна чест, а воедно и успех за мене!“
Лук во никој случај не можел да замисли како настапува, бидејќи тешко било да поверува дека неговиот талент ќе биде забележан меѓу стотици пријавени. Но, музичкиот директор без двоумење се одлучил за него по само една аудиција во живо и видеото кое го испратил младиот кандидат.
„Мајкл Џексон имаше луда самоувереност, комбинирана со доза на наивност. Тој хипнотизираше со привлечноста и харизмата која ја поседуваше. Не можеш да го дуплираш единствениот, но Лук поседува нешто во него многу слично на Мајкл. Ве тера постојано да се смеете“ – изјавил главниот директор.
Погледнете како целиот тим се забавува додека се снимаат првите сцени од мјузиклот посветен на најголемата поп икона.