Се сеќавате кога Мадона и Мајкл Џексон беа заедно?
- Детали
- четврток, 14 февруари 2013
Кралот и кралицата на поп музиката беа кралската американска двојка околу една недела во 1991 година. Сè започна на доделување на награди во 1991 година, кога Мадона беше повикана да ја изведе песната “Sooner or later” од “Dick Tracy”, номинирана за Оскар.
Со самото пристигнување на церемонијата на 25 март 1991 година, Мадона стана предмет на дискусија заради нејзиниот придружник – Мајкл Џексон.
Тогаш настана хаос! Во тоа време, најголемите поп ѕвезди на планетата за прв пат се појавија заедно како пар.
Но, Мадона воодушеви и со својот настап во стилот на Мелин Монро, кој исто така стана голема тема за дискусии и воздишки. И секако, песната беше наградена со Оскар.
Потоа кралскиот пар присуствуваше на приватна забава по големиот настан.
Една дела подоцна, на 9 април парот повторно беше фотографиран, но овој пат како излегува од приватна, романтична вечера во Беверли Хилс.
Но, како што тогашните медиуми објавуваа, Мадона и Мајкл се забавувале само заради публицитет.
Двајцата побегнаа од папараците по вечерата во Лос Анџелес и никогаш повеќе не беа видени во јавност како пар.
Но, сепак сите ќе ги паметиме овие насловни страни на списанијата во '91 година.