5 интересни факти за Брус Вилис
- Детали
- понеделник, 01 октомври 2012
Речиси и да нема некој кој нема изгледа најмалку 5 филма со една од најголемите холивудски акциони ѕвезди од 80-тите и 90-тите, Брус Вилис, па така актерот во голем степен ни е познат на сите.
Но, од приватниот живот, освен тоа што беше во брак со Деми Мур, речиси и да не се знае многу за него. Еве пет работи кои сме сигурни дека ви „поминале низ прсти“ кога сте читале за Брус.
Тој е роден во Германија
Можеби е најголемата филмска ѕвезда на САД, но тој е роден во Германија, кога татко му како обичен војник кој бил сместен во Западна Германија, ја запознал мајка му по потекло Германка, во градот Идар-Оберштајн. Подоцна тие се вратиле во САД.
Го загубил слухот при снимањето на „Умри Машки“
Директорот на филмот сакал да има многу пукање и да биде многу гласно во филмот, па затоа кога актерите користеле лажни куршуми тоа на телевизија звучело многу погласно. Но, во една сцена тоа било многу гласно што предизвикало тој да го загуби слухот во левото уво за две третини.
Имал своја видео игра
Освен трилогијата „Умри машки“, Брус се прослави и со акциите како „Петтиот елеменет“ и „Армагдеон“ поради кои доби понуда за сопствена игра на Sony PlayStation. Идејата се реализирала, играта се вика „Apocalypse“, а освен што тој го позајмува гласот за главниот лик, ликот го носи неговото име, па дури и лицето во играта е приспособено да личи како него.
Има два албуми
Дали сте знаеле дека оваа ѕвезда има и два R&B албуми. Првиот се вика „Враќањето на Бруно“, издаден во 1987 година, додека вториот се вика „Ако не те убие, те прави посилен“, издаден во 1989 година – ова е мала пауза од филмовите, на кои им се враќа веќе следната година.
„Шесто сетило“ го направил бидејќи бил задолжен
Еден од поуспешните филмови на Брус Вилис произлезе од фактот што актерот му должел филм на студиото „Дизни“. Тој прво требало да снима некој филм со наслов „The Broadway Brawler“, но бидејќи се испокарал со сите на снимањето, го откажал целиот филм. За да не се влечка по судови, оти веќе потпишал договор, директорот на Дизни го убедил да глуми во други два филма. Едниот филм е научно фантастичната комедија „Детето“, додека другиот е ултра популарниот „Шесто сетило“.