Кејт Мидлтон блесна во вистински принцезински фустан
- Детали
- петок, 14 септември 2012
Го предизвикуваме Дизни да нацрта поперфектна принцеза, т.е. војвотка.
Веднаш по давањето на нејзиниот прв кралски говор во странство, Кејт Мидлтон (држејќи го под рака Принцот Вилијам) излезе повторно во четвртокот во Малезија, овој пат да присуствува на богата вечера која се одржуваше во нивна лест.
Како и секогаш, Кејт го имаше вистинскиот фустан за оваа пригода.
Докажувајќи дека таа е буквално, а и метафорички модната Златна девојка, Кејт се појави во фустан на еден од нејзините омилени британски дизајнери, Александар Меквин.
До земја долгата бела тоалета беше извезена со златен цветен дезен (всушност со цветови од хибискус, официјалниот цвет на Малезија) по целата должина.
Во секој случај, фустанот на војвотката отслужи двојна улога - не само што совршено и прилегаше, туку и ги покриваше и рацете и нозете што е во склад со строгите закони за пристојност во земјата.
Пред да седнат да вечераат со кралското семејство, Вил и Кејт се потпишале во официјалната книга за посетители и позирале за фотографите по што и добиле официјални подароци од нивните домаќини: Вилијам си заминал со малајски воен меч украсен со злато, додека подарокот за разделба на Кејт бил пар црни салонки, мала дијамантска чантичка и батик фустан (рачно боен фустан со помош на восок).
Вечерата се одржала во палатата Istana Negara во Куала Лумпур и го означи крајот на првиот ден на кралскиот пар во Малезија.