Клои Кардашијан ќе си „ќари“ наследство
- Детали
- вторник, 11 септември 2012
Можеби веќе неколку пати досега сте прочитале дека поранешната ѕвезда на НФЛ лигата, глумец и обвинет за убиство, О.Џ.Симпсон, верува дека Клои Кардашијан е негова ќерка, но новиот извештај вели дека О.Џ. е толку сигурен во тоа, што дури ја додал Клои во неговиот тестамент.
Извештајот доаѓа од “National Enquirer”, а во него се трвди дека Симпсон и матријархот на кланот Кардашијан, Крис Џенер, имале љубовна афера на почетокот на 80тите години.
„О.Џ. верува дека Клои е негова биолошка ќерка од неговата афера со Крис Џенер, додека таа беше мажена со неговиот другар Роберт Кардашијан - и тој сака да направи нешто во врска со тоа”, изјави анонимниот извор на “National Enqirer”. “Тој има 65 години, уморен е и станува свесен дека можеби никогаш нема да излезе жив од затвор. Тој вели дека сака да ‘ја направи правилната работа’ “.
“International Business Times” извести дека Симпсон, кој беше обвинет дека ги убил неговата поранешна сопруга Никол Браун и Рон Голдман во раните 90ти години, моментално ја отслужува 33-годишната казна за вооружен напад и киднапирање во обид да врати некои предмети од двајца дилери. По неуспехот во обидот за помилување, тој ќе биде во затвор додека да наполни 98 години.
Не дека ќе и падне лошо на Кардашијан...