Кристен Стјуарт во длабока депресија – пуши, пие и се крие од сите
- Детали
- вторник, 21 август 2012
Актерката Кристен Стјуарт скапо го плаќа своето неверство.
Ѕвездата на „Самрак“ е целосно скршена. Тешко се носи со последиците од измамата, а сега поранешните обожаватели ја нарекуваат со погрдни имиња бидејќи го изневери Роберт Патисон.
Дваесет идвегодишната глумица се крие кај пријателот во вилата, а со недели живее на цигари, енергетски пијалоци и чипс.
„Кристен падна во депресија и е запуштена, неуредна и преслаба. Смета дека Сандерс се извлече, а таа го извлекла подебелиот крај бидејќи е жена“, вели извор за 22 годишната Кристен.
Истиот извор додава дека актерката е свесна дека ќе мора да се соочи со јавноста, но дека сè уште нема храброст за тоа.
Роберт Патисон минатата недела првпат се појави во јавноста по скандалот заради премиера на својот најнов филм, но за поранешната девојка одбиваше да зборува.
21.08.2012. (Макфакс)