Која манекенка најдобро се омажила?
- Детали
- петок, 20 април 2012
Ова се убавиците од модните писти и насловните страни кои успеале да остварат се: успешна кариера, дебела банковна сметка, но и добра мажачка.
Миранда Кер и Орландо Блум
Една од најуспешните австралиски манекенки, Миранда Кер го заведе тогашниот најбаран британски актер во подем. По три години забавување се венчаа во 2010 година, а во јануари минатата година станаа родители на синот Флин. Интересно е дена Блумовата кариера од женидбата стагнира, додека Миранда Кер бележи поголеми успеси како водечки ангел во Викторијас Сикрет.
Адријана Лима и Марко Јариќ
Српскиот кошаркар и бразилската убавица се венчаа тајно на денот на заљубените во 2009 година, а во ноември истата година станаа родители на ќеркичката Валентина, која до крајот на оваа година ќе има брат или сестра, бидејќи на пат е друго бебе. Парот ужива во љубовта, а најмногу време поминуваат во Мајами, каде што имаат стан.
Алесандра Амброзио и Џејми Мазур
Уште една секси бразилка оваа година повторно ќе стане мајка, бидејќи со свршеникот, калифорнискиот бизнисмен Џејм Мазур, веќе има четири годишна ќеркичка Ања. Парот овој пат ќе добие момче. Инаку ретко се појавуваат заедно во јавноста и не зборуваат за својот приватен живот.
Синди Крафорд и Ренди Гербер
Една од најсексапилните супер модели на сите времиња, Синди Крафорд веќе 14 години ужива во складен брак со Ренди Гербер, некогашен манекен, а сега сопственик на синџир ноќни барови „Миднајт Оил“. Имаат две деца синот Презли и ќерката Каја, која веќе тргна по стапките на својата мајка. Еднакво се успешни во своите кариери, иако Синди е попозната од својот маж.
Лара Стоун и Дејвид Валијамс
Холандската манекенка Лара Стоун се прослави како девојка со разделени предни заби, но и по неверојатно долгите нозе. Пред три години почна да се забавува со британскиот комичар Дејвид Валијамс. Во брак се од 2010 година, а се венчаа во лондонскиот хотел „Клериџис“. Валијамс е голема потпора за Лари, која е лечена алкохоличарка.