Додека Бастијан наводно има бремена девојка, Ана Ивановиќ ужива сингл и секси на одмор во Маурициус
- Детали
- среда, 23 април 2025
„Најубава и силна“ - Србите ѝ даваат поддршка на Ана Ивановиќ во коментари на нејзините најнови фотки, по веста за крајот на бракот од кој има 3 деца.
Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер решија да стават крај на бракот кој започна во 2016-та година, а во кој добија три деца.
По веста за разводот, како и тоа дека Бастијан наводно го поврзуваат со бремена германска спортска новинарка, Ана на својот Инстаграм профил објави низа фотографии од егзотично патување во Маурициус и покажа дека изгледа совршено во костим за капење.
Поранешната 37-годишна тенисерка на фотографиите ужива покрај базен со уреден двор и палми, како и на плажа со кристално чиста вода и ситен песок.
Ана инаку многу внимава на негата на лицето и телото.
Во една пригода има изјавено дека не може да си го замисли денот без јапонски чај - поточно мача, вид на зелен чај во прав кој има многу придобивки за организмот.
Обично го пие ладен и го обожава затоа што го намалува стресот и спречува појава на брчки.
„Ги обожавам позитивните ефекти на мачата. Го намалува стресот и ја подобрува концентрацијата, меморијата и расположението“, изјави Ана во една пригода.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





