Двапати се венчаа и двапати се разведоа: Лудата љубовна приказна на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон
Честопати се карале, дури и во јавност
Иако постојано ја возвишувале својата љубов, Ричард и Елизабет честопати се расправале, и приватно, и во јавност.
Но, Елизабет има изјавено дека уживала во нивните караници.
„Ричард избувнува со вистинско уживање. Убаво е за гледање. Нашите расправии се како натпревар за тоа кој ќе црка погласно“.
Слична изјава има дадено и Ричард:
„Некогаш почнувавме караници без потреба. Јас ќе ѝ речам дека е грда, таа ќе ми рече дека немам талент…
Многу сакам да се карам со Елизабет. Особено кога е гола“.
Во годините додека беа заедно, Ричард и Елизабет честопати уништувале и хотелски соби додека се расправале.
А, како што минувало времето, караниците станувале сè посериозни, особено кога Ричард покажувал љубомора.
И покрај големата љубов, на крај се разделија
Низа фактори имале улога во разделбата на Ричард и Елизабет. Од една страна, Елизабет била зависна од лекови, додека Ричард се справувал со алкохолизам.
Ова, заедно со бурниот начин на живот, ги оддалечило, па во 1974 година тие се развеле.
Но, не можеле да издржат еден без друг, па во 1975-та повторно се венчале, за по една година вторпат да се разведат.
Подоцна Елизабет изјави дека била емоционално истрошена од врската.
„Никогаш повеќе не сакам да се вљубам толку многу. Дадов сè – мојата душа, моето битие, сè“.
Иако сфатиле дека можеби е најдобро да не се пар, Ричард и Елизабет останале добри пријатели.
Наводно, љубовта меѓу нив никогаш не згаснала и Ричард дури честопати ѝ пишувал љубовни писма.
„Во моето срце, секогаш ќе верувам дека ако се венчавме третпат, ќе останевме заедно засекогаш.
Од првите заеднички мигови во Рим, ние бевме лудо и моќно вљубени еден во друг“, има изјавено Елизабет по вториот развод.
Немаа заеднички деца, но Ричард ги посвои двете на Елизабет
Пред да ја почнат врската, Елизабет веќе имаше две деца од претходните бракови.
Со Ричард не добија заеднички деца, но тој ги посвои двете ќерки на актерката откако се венчаа.
Ричард, пак, имаше две деца со првата сопруга.
И по вториот развод, тие ја задржаа близината со децата и имаат изјавено дека во голема мера и тие биле причина што останале толку блиски.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





