Двапати се венчаа и двапати се разведоа: Лудата љубовна приказна на Елизабет Тејлор и Ричард Бартон
- Детали
- петок, 18 април 2025
„Никогаш повеќе не сакам да се вљубам толку многу. Дадов сè – мојата душа, моето битие, сè“, има изјавено Елизабет Тејлор за лудата врска со Ричард Бартон, откако се разведоа по вторпат.
Еден од најпознатите парови од 20-тиот век дефинитивно се Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.
Ниту еден пар не успевал да го привлече вниманието како нив, а фактот што се разведоа, за повторно да се венчаат, ги направи уште поинтересни за јавноста.
Низ годините, парот се соочил со бројни проблеми, но и Елизабет и Ричард имаат изјавувано дека љубов како нивната се доживува само еднаш во животот.
Неколку детали за „епската“ љубовна приказна на Ричард и Елизабет:
Се зближиле на филмски сет
Ричард првпат ја забележал Елизабет во 1953 година, додека биле на забава во Холивуд.
Но, додека тој бил фасциниран од нејзината убавина, тогаш 21-годишната Елизабет го проценила како вулгарен маж и решила да го игнорира.
Девет години подоцна, тие ги добиле двете главни улоги во култниот филм Cleopatra.
Бидејќи дотогаш Ричард имал репутација на женкар, Елизабет не сакала ништо со него, иако тој се обидувал да ја освои.
Актерката си го променила ставот уште на првиот ден на сетот, кога требало да снимаат сцена со бакнување.
Тие ја снимале сцената неколкупати, а според присутните на сетот, со секој нареден обид, нивниот бакнеж траел подолго и подолго.
Ги оставија сопружниците за да бидат заедно
Во периодот кога почнале да се гледаат, и Ричард и Елизабет биле во брак.
Елизабет била венчана со нејзиниот четврти сопруг, додека Ричард со првата сопруга. Ричард се развел во 1963-та, додека Елизабет следната година.
Дотогаш, целиот свет дознал за нивната афера и постојано биле демнети од папараци, па кога не снимале, Елизабет и Ричард изнајмувале вила за да се скријат.
Актерите се венчале во 1964-та, а во наредните неколку години постојано патувале низ светот, додека биле следени од армија папараци.
Ќе останат препознатливи по екстремното трошење
Трошењето милиони им станало како заштитен знак на Елизабет и Ричард.
Покрај тоа што и двајцата финансиски издржувале членови на нивните семејства, заедно купиле неколку куќи во други држави, вклучувајќи ги Швајцарија и Ирска. Купувале и скапи уметнички дела, од уметници како Пикасо и Рембрант.
Еднаш Ричард и импулсивно купил приватен авион бидејќи му се допаднал.
Но, најмногу пари трошеле на накит – колекцијата на Елизабет до денес важи за една од најскапите во светот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





