Ќе оди на суд за силување 4 жени, се претвора во лидер на култ: Како бившиот на Кети Пери си ја уништи репутацијата?
Во 2001 година, Расел Бренд работеше како презентер на телевизијата MTV.
На 12-ти септември 2001-ва, еден ден по нападот на кулите „Близначки“, отишол на работа облечен како Осама Бин Ладен и добил отказ.
Подоцна призна дека тогаш бил под дејство на хероин.
Сепак, потоа почна да добива ангажмани како водител на познати британски емисии, и поради специфичниот изглед и начин на зборување, брзо се прослави.
Во раните 2000-ти, кога почна да се прославува, Расел беше и зависен од дрога.
Самиот има изјавено дека „главна“ дрога му била хероинот, но редовно користел и други наркотици, како и алкохол.
Честопати бил под дејство на дрога и кога бил на телевизија.
Беше уапсен најмалку 12 пати за поседување и користење наркотици, а првпат отишол на рехабилитација откако неговиот агент го затекнал како си инјектира хероин додека е на работа.
Неколкупати безуспешно одел на рехабилитација, но сега тврди дека е „чист“ од крајот на 2002 година.
Покрај дрогата, Расел има признато дека бил и зависен од секс, како и дека официјално добил дијагноза за нарушувањето.
Во периодот кога го допрел дното, вели дека имал секс со различна жена секој ден.
Истовремено се гледал и со десетина жени, за секогаш да има некоја која ќе му биде достапна.
Признанијата за зависноста од секс и дрога тераат голем дел од јавноста да верува во обвиненијата за силување на четирите жени.
Откако се ослободи од зависностите, Расел започна духовно патување и проучуваше низа религии како хиндуизам и будизам.
Но, она што почнало како желба да си помогне, според многумина сега е претворено во култ.
Изминативе неколку години, комичарот е доста активен на Јутјуб каде објавува видеа во кои дискутира теории на заговор во кои самиот верува.
Среде ковид пандемијата, на големо зборуваше за теории на заговор поврзани со вирусот, а едно од неговите видеа беше и отстрането поради дезинформации.
Притоа, често зборува за неговите духовни верувања, а преферира да носи наметки и широка облека, па сè повеќе наликува на гуру.
Поради начинот на којшто зборува и темите што ги покрива, заедно со фактот дека има многу следбеници, голем дел од јавноста го гледа како лидер на култ и навистина проблематична личност.
Што се однесува до бракот со Кети Пери, пејачката има изјавено дека покрај огромните разлики меѓу нив, голем проблем било и тоа што Расел сакал да ја контролира.
Притоа, тој побарал развод, и тоа преку SMS порака.
Откако ѝ ја пратил пораката, никогаш повеќе не прозбореле еден од друг и комуницирале преку нивните адвокати додека да се финализира разводот.
Прочитајте и: „Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за силување
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





