Ќе оди на суд за силување 4 жени, се претвора во лидер на култ: Како бившиот на Кети Пери си ја уништи репутацијата?
- Детали
- понеделник, 07 април 2025
Расел Бренд и официјално ќе оди на суд по обвиненијата за силување. Неговата кариера веќе извесен период се движи во надолна линија поради обвиненијата, контроверзните изјави, но и тоа што сè повеќе наликува на лидер на култ кој проповеда теории на заговор.
Во 2023 година, четири жени го обвинија британскиот комичар Расел Бренд за силување.
Поранешниот сопруг на Кети Пери сега е и официјално обвинет и ќе треба да се појави на суд, а постои голема можност да добие казна за силување и сексуален напад.
Жртвите тврдат дека нападите се случиле помеѓу 1999 и 2005 година.
Откако беше соопштено дека има доволно докази за на суд, Расел Бренд се обиде да ја убеди јавноста во својата невиност.
„Бев идиот пред да почнам да живеам под светлината на Бог. Бев зависник од дрога, зависник од секс и имбецил. Но, никогаш не сум бил силувач“.
Во изјавата, комичарот ја критикува британската влада и правниот систем, тврдејќи дека институциите биле користени како оружје против луѓето.
„Сакам да ви се заблагодарам на сите за поддршката… Сега ќе имам можност да се бранам против обвиненијата во судница и многу сум благодарен за тоа.
Во меѓувреме, вие останете слободни и ќе продолжиме да разговараме на темата“, завршува неговата изјава.
Од друга страна, се огласи едниот од надлежните кои работат на случајот.
„Внимателно ги разгледавме доказите по полициската истрага.
Дојдовме до заклучок дека Расел Бренд треба да биде обвинет за силување, сексуален напад и непристоен напад. Ќе се појави на суд на 2-ри мај 2025 година“.
Расел Бренд отсекогаш важел за контроверзен лик, а обвиненијата за силување само ја „прелија чашата“ и, на некој начин, го означија крајот на неговата кариера.
Првиот контроверзен испад на актерот е уште од почетокот на неговата кариера.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





