Дејвид Бекам направи гламурозна забава за 50-ти роденден – семејството на куп, фудбалски легенди и беспрекорни сопруги
- Детали
- вторник, 01 април 2025
Фудбалските легенди Лео Меси и Луис Суарез со прекрасните сопруги, Викторија во бело блеска покрај сопругот Дејвид, додека позираат со нивните синови со партнерките и ќерката Харпер – Дејвид Бекам старее како вино, а во Мајами започна со славење по повод 50-тиот роденден.
По повод 50-тиот роденден, кој официјално е на 1-ви мај, Дејвид Бекам малку порано започна со роденденски прослави.
Првата прослава, Дејвид ја организираше во Мајами, каде што се наоѓа „домот“ на фудбалскиот клуб кој тој го поседува, Интер Мајами.
„Почнав со славење малку порано, толку прекрасна и посебна ноќ во Мајами. Среќен сум што имам прекрасни пријатели и семејство со кои започнав со прослави по повод 50-тиот роденден. Ве сакам!“ - напиша тој во објавата во која сподели повеќе фотки од роденденот.
Забавата се одвиваше во Cipriani Downtown Miami, еден од најелитните италијански ресторани, сите го испочитуваа елегантниот дрес-код, а присуствуваа голем број ѕвезди и фудбалски легенди.
Меѓу нив беа и Лео Меси и Луис Суарез со нивните прекрасни сопруги, а фотката на која позираат со Дејвид и Викторија во средина стана вирален хит.
На прославата беа присутни и неговите наследници, Ромео и Круз со нивните понежни половини, како и ќерката Харпер, но не и најстариот син Бруклин со сопругата Никола Пелц.
Освен фудбалски легенди, на забавата имаше и други спортисти како Том Брејди и Шекил О’Нил, па славеникот се пошегува дека покрај нив изгледа многу мало.
Дејвид уште еднаш докажа дека старее како вино и дека и покрај тоа што наскоро ќе влезе во шестата деценија од животот, изгледа прекрасно и уште важи за заводник.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





