Беше во затвор за убиство, мајка му го киднапирала: Трагичниот живот на најстариот син на Марлон Брандо
Почнал да користи дрога во тинејџерските години
На само 13 години, Кристијан почнал да користи LSD и одовде почнале неговите проблеми со дрога, а подоцна и алкохол.
Во тинејџерските години бил уапсен за поседување марихуана и иако татко му пробувал да му помогне, па и го казнувал, Кристијан се искрадувал од дома и крадел дрога од соседите.
Наводно, тинејџерските години, во една пригода влегол и во домот на Џек Николсон за да украде дрога.
Татко му го однел во центар за рехабилитација, но по три дена Кристијан бил избркан.
Подоцна има изјавено дека проблемите со зависност на мајка му имале голем удел и во неговата зависност.
Беше уапсен за убиство
На 16-ти мај 1990 година, Кристијан го убил дечкото на неговата полусестра.
Наводно, таа му кажала дека дечко ѝ е насилен, па поради ова Кристијан решил да му се одмазди.
Следната година тој призна вина и изјави дека кога отишол кај него со пиштол, само сакал да го заплаши.
Но, случајно го застрелал и убил.
Кристијан доби 10-годишна казна затвор, но беше ослободен по пет години поради добро однесување.
Беше обвинет за семејно насилство
Во 2004 година, Кристијан се венча со Дебора Присли – жена која тврди дека е ќерка на Елвис Присли.
Само три месеци по венчавката, Кристијан беше обвинет за семејно насилство.
Имено, Дебора завршила во болница од повредите што ѝ ги нанел, па добри 3-годишна условна казна и му беше наредено да се приклучи на програма за справување со зависност од дрога и алкохол.
Почина на 49-годишна возраст
До 2008 година, Кристијан веќе живееше во сиромаштија.
Истата година доби пневмонија и почина во државна болница.
Според неговото семејство, кога настапила смртта, тој веќе бил во кома и немало начин да биде спасен.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





