Го „навлекла“ на скиентологија, ја оставил за Никол Кидман: Која е првата сопруга на Том Круз?
Според некои гласини, на Том почнала да му се допаѓа Никол Кидман, а поднел барање за развод пред да почне со снимање на нивни заеднички филм Days of Thunder.
Се верува дека црквата го поттикнала разводот и можеби одлуката не била само на Том, бидејќи само неколку дена пред да поднесе барање, тој изјави:
„Мислам дека таа ми помогна да станам подобар актер. Ние делиме сè.
Се грижам за неа повеќе од што било друго на светот. Таа ми е најдобар пријател. Сакам да сум со неа и навистина ја сакам“.
Разводот на Том и Мими беше финализиран во 1990-та, а според изворите, Мими добила 4 милиони долари од актерот.
Само десет месеци подоцна, тој се венча со Никол Кидман.
Во наредните неколку години, Мими зборуваше за бракот и раводот со Том.
„Еве ја вистинската приказна – Том сериозно размислуваше да стане свештеник.
Барем на некој период, и изгледаше како нашиот брак да не се вклопува во неговите духовни потреби. Сакаше да се воздржува од секс“, изјави таа во 1993-та.
Неколку години подоцна, изјави дека проблем била славата на актерот и тоа што сите ја нарекувале и ја претставувале како „сопругата на Том Круз“.
Сепак, во друго интервју си ја демантираше изјавата, тврдејќи дека неговата популарност никогаш не била проблем.
По разводот Мими продолжи со актерската кариера, но не постигна некој голем успех.
Последно се има појавено во серијата Bosch.
А, самата вели дека не ѝ е многу грижа што не е многу успешна.
„Ми изгледаше како глумата да е забавна професија.
Но, бев наивна и не сфаќав дека има уште милион луѓе што го мислат истото“.
Од 2003 година, Мими е во брак и има две деца со сопругот, на возраст од 30 и 23 години.
Таа е и професионален покер играч и има учествувано на неколку турнири.
Спирова С. | Црнобело