Дозна дека сопругот ја изневерува, па заврши на психијатриска клиника - Како аферата ѝ го уништи животот на Лили Ален?
- Детали
- четврток, 16 јануари 2025
Пејачката Лили Ален и актерот Дејвид Харбор се запознале преку дејтинг апликацијата за славни личности Raya, a сега, преку истата апликација Лили дознала дека тој се гледа со други жени.
Пејачката Лили Ален, која се прослави со песната Smile во 2008 година, повторно е во центарот на вниманието на светските медиуми.
Овој пат тоа не е поради нејзината музика, туку поради разделбата со сопругот, актерот Дејвид Харбор, кого во декември 2024-та го фати дека ја изневерува.
Ова влијаеше толку лошо на пејачката, што таа сега побара помош во луксузен центар за терапија во САД, за да го лекува психичкото растројство.
Лекувањето, според Daily Mail, ќе ја чини 8.000 долари неделно.
Наводно, разделбата од Дејвид го нарушила психичкото здравје на Ален.
Клучниот момент за ова бил кога таа се вратила во заедничкиот дом во Њујорк, откако празниците ги поминала сама со децата.
Но, не можела да го заборави сопругот, па цело време коментирала дека тој некаде се забавува и ужива со друга жена - тврди нејзин пријател за медиумите.
Овие мисли ѝ направиле толкав немир, што, веднаш откако се вратиле од одморот, Лили се пријавила самата на лекување во психијатриска клиника, за да го смири психичкото растројство.
Таа, според истиот извор, сака да „работи на своите чувства и да најде начин да се избори со болката“.
Дека сопругот ја изневерува, Лили дознала случајно.
Тие двајцата се запознале во 2020 година преку дејтинг апликацијата за славни личности Raya, a сега, преку истата апликација Лили дознала дека Дејвид се гледа со други жени.
Таа ја инсталирала апликацијата под туѓо име (на славна личност) и така го нашла неговиот профил, кој и понатаму бил активен.
Инаку, парот се венча во Лас Вегас во септември 2020, неколку месеци откако се запознаа.
Двајцата се поранешни зависници од алкохол и наркотици, па и тоа дополнително ги зближило.
А денес, додека Лили е на клиника за одвикнување, Дејвид е постојано излезен со своите пријатели-актери и делува расположен и среќен.
Неколку светски медиуми објавија фотографии како тој се шета низ Њујорк со Скарлет Јохансон, со која глумеше во Black Widow, но и од кошаркарски натпревар на кој е со актерот Бен Стилер.
А. Ј. | Црнобело