Потекнува од инцестуозна врска, неговите потомци умираат млади – Што знаеме за проклетството на „Елвис Присли“?
Во прилог на клетвата за Елвис, оди и фактот што две девојки починале за време на неговиот погреб. Имено, пред да го закопаат, Елвис бил ставен во отворен ковчег и им било дозволено на фановите да го посетат неговиот имот Грејсленд и да се поздрават со својот идол.
Вкупно 80.000 обожаватели се собрале во Грејсленд, но само 30.000 имале можност да влезат внатре. Три девојки кои чекале во толпата пред имотот биле удрени од кола, од кои две починале.
Познато е дека ќерката на Елвис, Лиза Мари беше во брак со Мајкл Џексон во периодот од 1994-та до 1996-та година. Иако тие се разведоа, сепак смртта на Мајкл Џексон според многумина е последица на проклетството на Елвис.
За потсетување, и Мајкл почина заради влошена здравствена состојба предизвикана од лековите што лекарот му ги препишал.
Лиза Мари, пак, исто така долго време водеше битка со зависностите и отворено зборуваше за нив.
Но, во 2020-та година нејзиниот син, Бенџамин Кио беше најден мртов на возраст од 27 години, откако сам си го одзел живот. Подоцна се дозна дека смртта на синот толку многу ја погодила што таа 2 месеци го чувала безживотното тело на синот на мраз.
На 12-ти јануари, 2023-та година светската јавност беше потресена откако се дозна дека само неколку дена по нејзиното гостување на „Златните глобуси“, Лиза Мари почина на возраст од 54 години.
Првично се сметаше дека нејзината смрт е последица на срцев застој, но подоцна се дозна дека смртта најверојатно е последица на компликации предизвикани од операцијата за намалување на желудникот што ја имала неколку години претходно.
Освен големиот број смртни случаи, се смета дека последица на клетвата на Елвис се и долговите во кои семејството постојано се наоѓало.
Така, уште кога ја започнал својата кариера Елвис бил искористен од својот менаџер, кој се договорил сите приходи да ги делат 50-50, за што подоцна се водел и судски процес.
За време на својот живот, Елвис заработил повеќе од 100 милиони долари, но по неговата смрт, неговото богатство изнесувало само 5 милиони долари и долгови. Заради тоа неговиот имот Грејсленд бил претворен во музеј и бил отворен за посетители.
Неколку децении подоцна, Лиза Мари го тужеше поранешниот менаџер Бери Сигел тврдејќи дека тој е виновен што нејзиниот имот од 100 милиони долари паднал на 14.000 долари.
Таа се најде во долгови од околу 16 милиони долари, заради што мајка ѝ Присила мораше да ја продаде куќата во Лос Анџелес и да ѝ помогне.
За некои проблемите во семејството се последица на клетва, за други на зависности, но факт е дека иако ужива голема популарност и неговите хитови се слушаат до ден-денес, парите и славата не можеле да ја купат среќата ниту за кралот на рокенролот, ниту пак за неговите потомци.
Прочитајте и Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката на Елвис Присли
Б. С. Б. | Црнобело