Потекнува од инцестуозна врска, неговите потомци умираат млади – Што знаеме за проклетството на „Елвис Присли“?
- Детали
- четврток, 28 ноември 2024
Баба му и дедо му биле први братучеди, заради тоа мајка му и неговите вујковци имале здравствени проблеми. Голем број членови на семејството на Елвис Присли умираат млади, па заради тоа се зборува дека тоа е проколнато.
По смртта на ќерката на Елвис Присли, Лиза Мари, на неговиот внук, Бенџамин Кио, но и по финансиските проблеми и скандали, во таблоидите сè почесто се пишува за „проклетството на кралот на рокенролот“.
Пред извесен период, неговата внука Рајли Кио одговараше на новинарски прашања, па неа отворено ја прашаа дали смета оти нејзиното семејство е проколнато, па заради тоа голем број членови на нејзиното семејство умираат млади.
„Мислам дека зборот ’клетва‘ се користи затоа што моето семејство за јавноста е како некое митолошко семејство, но вистината е дека најголем проблем кај нас биле зависностите.
Секој од нас имал близок што се борел со проблеми со зависности и секој од нас, трагично загубил некоја сакана личност.
Се надевам дека идните генерации во нашето семејство нема толку многу да имаат проблеми со зависности. Секако, тоа е мојот сон“ – изјави Рајли, која работи како актерка.
Но, и покрај тоа што Рајли ги одбива тврдењата за проклетство или за клетва, сепак тоа не ги спречува таблоидите и познавачите на делото на Елвис Присли да пишуваат за несреќите што го следат неговото семејство со децении наназад.
Во продолжение повеќе факти за трагедиите во семејството на Присли и зошто тоа се смета за проколнато:
Елвис Присли беше најден мртов на 16-ти август, 1977-ма година, на возраст од само 42 години. Неговата ќерка Лиза Мари која тогаш имала само 9 години, наводно била сведок на смртта на татко ѝ.
Неговата тогашна свршеница Џинџер Алден го нашла Елвис онесвестен во тоалетот во Грејсленд по што повикала помош, а Лиза гледала како лекарите даваат сè од себе да го спасат и наводно таа траума ја одбележала за цел живот.
Официјалната верзија била дека кралот на рокенролот починал од срцева аритмија, а неколку недели подоцна било потврдено дека тој во крвта имал присуство на голем број лекови од групата на опијати.
Лекарот што бил задолжен за неговото здравје, потврдил дека во период од неколку месеци, на музичарот му препишал над 8.805 различни таблети: за анксиозност, депресија, но и силни аналгетици, меѓу кои и еден на база на кокаин.
Според некои, „проклетството на Елвис“ започнало уште пред тој да биде роден, а нему му било предодредено да почине млад заради лошите гени.
Авторката Сели Хедел, пишува дека сè започнало откако неговите баба и дедо по мајчина страна Боб Смит и Дол Менсел одлучиле да стапат во брак иако биле први братучеди.
Според неа, заради инцестуозната врска на бабата и дедото, мајката на Елвис и неговите двајца вујковци починале млади, а и самиот музичар имал голем број здравствени проблеми што ги лекувал со коктел лекови.
Мајка му на Елвис, Гладис починала на возраст од 46 години, додека тој бил во војска. Наводно таа имала проблеми со црниот дроб заради што ѝ се згрутчувала крвта во внатрешните органи.
Елвис бил многу погоден од нејзината смрт и не можел да се помири со фактот дека неа ја нема, а болката од нејзината загуба ја носел цел живот.
Наводно тој бил толку многу суеверен и целиот свој живот верувал дека и тој како и мајка му ќе почине млад.